Мене највкусна. Ем чорба ...ем манџа.... ем ручек ... За кого како .
1. Одвечер пилешкото го сечкаме на коцкички го посолуваме со зачини, бибер и премачкуваме со сенф.
2. На тава со масло пржиме сечкан кромид, додаваме рендан морков и него го попржуваме. Потоа се додава месото и се пржи 10 мин на тивко.
3. Се додава 1 литар вода во месото и се зачинува. Се става грашокот. Ова се вари додека не омекне грашокот.
4. Се додава брокулата и ориганото.
5. На крајот се става ладна запршка со 2 лажици брашно измешано во 1 филџан ладна вода. Се вари уште 5 мин. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор