Брзи, едноставни, а многу вкусни бомбици.
Најпрво чоколадото се ренда и се остава во фрижидер, за да не се стопи кога ќе го измешаме со другите состојки.
Маргаринот се бие со шеќерот во прав, па се додава млеко, ореви, бисквити, рендана кора од портокал, сокот од еден портокал и на крај чоколадото.
Од смесата се формираат бомбици, кои се прелеваат со растопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови