Ролатов е многу едноставен, а неодоливо вкусен. Се спрема за многу кратко време и исто така за кратко време откако ќе отстои во фрижидер веќе е спремен за сечење, иако јас не успеав да дочекам ни малку.

Препорачливо е сите состојки да се на собна температура. Ова важи за белиот дел, за да се измеси тестото без поблем. Всушност, многу лесно и компактно се добива една убава еластична маса.
Значи, ос состојките за белиот дел се заедно месиме.

Потоа врз најлонска фолија или пек хартија одоздола и одозгора (одозгора и не мора ако не сакате, не се лепи така лесно) израмнете го во правоаголник со помош на сукалка.

Чоколадото стопете го и со него премачкајте го белиот дел, а врз него наросете од крупно мелените лешници.

Со помош на фолијата завиткајте во ролат и оставете го во фрижидер барем половина час. Јас бев нестрплива и го исеков за нецели 10 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани