Многу едноставна, а интересна идеја која може да послужи за декорација на детски роденден или именден.
Најтешката работа во целиот рецепт е да најдете лажички во бојата која што ви одговара. =)
Наредете ги лажичките во табла за да бидат убаво нивелирани и да може да ги наполните цели. Чоколадото растопете го со 1-2 лажици масло, па внимателно сипувајте во секоја лажичка. Може да наполните 20 лажички.
Почекајте малку да се стегне, за да не ви пропаднат бонбоните и да почне да ви тече надвор од лажичките, па ставајте шарени бонбони и трошки.
Децата секако ќе се израдуваат!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови