- Измелете бисквитите
- Заедно на пареа стопете чоколадото и путерот
- Бананите испасирајте ги, додадете го сокот од портокалот и шеќерот и измешајте, додадете го стопеното чоколадо заедно со путерот, додадете кокосот, сомелените бисквити, измешајте убаво да се спојат сите состојки. Оставете да одстои малку за да може полесно да ги оформувате.
Правете бомбици и валкајте во мелени ореви или други јатки, а совршено одговараат и во кокос,
Напомена
Тоа е основен рецепт што не значи дека не трпи измени. Јас денес направив половина од смесата со кокос, а во половина наместо кокос ставив мелени ореви и сецкани ореви. Треба да ја оставите смесата да одстои и лесно се оформуваат. Можете да ги ставате и во подметачите за бомбици... можете да чоколадирате... изборот е ваш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани