Крцкаво чоколадно задоволство...

Подготовка
1. Белките почнуваме да ги матиме па постепено го додаваме шеќерот додека да се направи густа смеса. Ги додаваме маслото и брашното и соединуваме со миксер на најспората брзина. Ја истураме смесата во тавче со димензии 23х32 см кое сме го намрсиле и набрашниле или на хартија за печење. Печеме на 170 степени околу 15-20 минути или додека ни се смени бојата и стане сунѓересто.
2. Во дел од млекото ги ставаме жолчките, пудинзите, густинот и шеќерот. Убаво соединуваме. Остатокот од млекото го доведуваме до вриење, па ја истураме смесата со пудинзите. Мешаме додека да се згусне. Го покриваме со проѕирна фолија да не ни фати коричка додека да се излади. Откако ќе биде убаво изладено го соединуваме со изматениот путер кој ни бил на собна температура.
3. Дел од лешниците мелеме, дел ги сечкаме на ситни парченца. Чоколадото исто го сечкаме на ситни парченца. Ги додаваме во чоколадниот фил.
4. Редиме тесто, половина од филот, бисквити, па останатиот фил. Посипуваме со какао и рендано чоколадо.

Забелешка
По желба и вкус ожете да го украсите колач со изматена слатка павлака и рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани