1. Прво се приготвува филот така што во едно тенџере се става млекото, густинот, брашното и 100 гр. шеќер и убаво се промешува со жица додека да снема грутчиња. Потоа се става на шпорет да се вари додека да се згусни, па се остави да се лади, а повремено се промешува.
2. Тестото се приготвува така што во еден сад се додаваат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер и тоа се микса се додека не се добие кремаста и многу посветла смеса. Во таа смеса се додава млекото и маслото и се промешува. Брашното и прашокот за пециво се соединуваат па се додаават во смесата и се микса убаво додека да снема грутчиња. Се печи на температура од 180° околу 25 мин. или најдобро до сува чачкалица. Откако ќе се испечи и излади кората се потопува со вареното какао.
3. Во еден сад се мати маргаринот кој е на собна температура заедно со 2-3 лажици шеќер додека да се добие кремаста и пенаста смеса.Во таа смеса лажица по лажица се додава изладениот густин и се соединува смесата па се дели на два делови. Во едниот дел се додава какаото и се соединува,а во другиот ванилиниот шеќер и се соединува.
4. За крај тортата се филува и декорира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови