Овие бомбици се многу лесни за подготовка и ептен вкусни. Постапката оди вака
1. Се мелат пишкотите.
2. Во поголемо тенџерче на оган ја ставаме слатката павлака да се згрее до вриење.
3. Во посебен сад 2 кесички пудинг и шеќерот во прав ги мешаме со млеко додека не се растопат сите грутчиња, оваа смеса ја истураме во загреаната слатка павлака. Готвиме 3 минути.
4. Додека уште смесата е топла додаваме во неа пола од мелените пишкоти и чоколадото за готвење, мешаме додека смесата не се соедини, а потоа ги додаваме мелените пишкоти кои ни останаа.
5. Мешаме со вилушка и смесата ја оставаме во фрижидер 45 минути.
6. Откако смесата за бомбици е изладена со рака обликуваме топчиња, во средина ставаме печен лешник а потоа ги валкаме бомбиците во мелени пикоти ( може и мелени ореви, кокос.)

Не верувам дека некој ќе остане рамнодушен на ваквиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови