Ментол бомбоните измелете ги до прав и заедно со сирењето и шеќерот во прав кремасто изматете ги.

Обложете еден плех со пек-хартија и со набрашнети раце со шеќер во прав правете мали бомбици и редете ги врз него.

Потоа со некое кружно лажиче или алатка, или со прст ако немате никакво направете вдлабнатини во средината.

Покријте ги со влажна крпа или со целофан и ставете ги во фрижидер 1-2 часа да се сврднат. Јас ги кладов во замрзнувачот, не е проблем.

Потоа се топи чоколадото и вдлабнатините се полнат со него, а одозгора кој сака се наросуваат со шеќерни шарени перли.

Малку се деликатни овие колачиња, треба да се чуваат во фрижидер, по мое мислење ако имате од оној со самоодржување е најзгодно да ги оставите така непокриени бидејќи тој најсолидно ќе ги исуши. За јадење се вадат непосредно пред тоа, не се погодни многу да стојат на собна температура, но вкусот неодоливо потсетува на оние афтер ејтс бомбоњерки со препорака да се загризува белиот дел со парче од чоколадираната средина.
Едитирано- колку подолго стојат во добро затворена кутија се повеќе си ја оформуваат структурата.

Како прв пат ги правев и за мене е нешто ново се придружував до мерките на рецептот, но сметам дека за следна прилика доколку се многу меки би додала уште малку шеќер во прав. Секако дека смесата која се добива за нивното обликување е мека, но, таа мекост сепак треба да дозволи подобро обликување, да не е непогодна за тоа и премека. Како и да е овие како за прв пат солидно испаднаа и се како оние специфични колачи кои или ги обожаваш или не сакаш повеќе да ги вкусиш : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови