Ги обожавааааммм, прекрасни се

Во касерола на многу тивок оган ги соединуваме белото чоколадо и маслото.
Со помош на четкичка ги премачкуваме хартиените кошнички.
Оставаме во фрижидер на 10 минути, па постапката ја повторуваме само по страничните делови на кошничката.
Сега со еден мал трик, ја одстарануваме хартиената кошничка од чоколадото.
Со игла за шиење на еден мал дел на горната површина правиме мало дупченце, отворче и многу лесно со влечење ја одстарнуваме хартијата.
Ги редиме на послужавник.
Во една касерола го оставаме чоколадото да се растопи.
Ако сакате може да се додаде и 1 лажица масло.
Го оставаме малку да подизлади, па го додаваме вишновиот ликер и крем сирењето.
Кратко соединуваме со миксер.
Смесата ја полниме во шприц и ги полниме белите чоко кошнички.
Декорираме со бисерни бомбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани