Секогаш во скоро сите рецепти пишува ставете чоколадни капки, а немаме во моментот.
Ете решив сама да пробам да направам и да го споделам начинот на изработка.
Сигурно веќе го знаете овој начин, но да го објаснам за младите домаќинки како идеја.
Се топи 100 гр чоколадо на пареа(значи само чоколадо). На најлонче за замрзнување се сече ќошето, многу малку, само врвот. Чоколадото се става во најлончето и се прават капки на хартија за печење. Се ладат 15мин и толку, готови се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани