Ретко јадам благи работи, а ако ми се јави потреба тогаш најчесто е тоа нешто чоколадно, па една ваква бомбица ми ги задоволува потребите хахахахаа
Во еден сад, или на пареа или кратко во микробранова ставете ги дулчето и павлаката да се загреат, не да вријат.
Ставете го искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи.
Оставете го да се излади.
Во некое тањирче ставете си какао и земајте од смесата, ставете еден печен лешник внатре, испрпелајте ја бомбицата во какао и ставете ја на страна.
Кога ќе ви бидат сите готови, ставете ги во фрижидер, да се стегнат.
На крајот прелијте ги со чоколадо.
Слаткиот млечен крем јас го правам на старински, наш начин, онака како што го правеле нашите мајки. Во тенџере ставам 2 л млеко, 900 гр шеќер, малку сода, 1/2 лажиче и го оставам на тивко да вари, околу 2, 2 и 1/2 часа. Излегува поголема количина и ја користам за разни работи во текот на две недели.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови