Многу вкусни и едноставни за подготовка.
Прво оревите и бадемите ставете ги да се потпечат во рерна. Потоа измелете ги.
На тивок оган се топат чоколадата, путерот и шеќерот.
Во мелените бадеми и ореви се додава една изматена белка и се меша и 3-4 лажици рум.
Потоа се додава чоколадната смеса.
Целата смеса се меси и со рака се формираат топчиња.
Декорацијата е ваш избор, а мој предлог е да се декорираат со бела чоколада и кандирани перли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови