Колачиве многу ми се допаднаа.
Па еве да го споделам рецептов овде со вас.

Во еден сад го ставаме слаткото кондензирано млеко.
Додаваме чоко ликер, мелени лешници и мелени лешник наполитанки.
Со рака убаво ја изработуваме смесата.
Оставаме да одстои 15 минути во фрижидер.
За тоа време над пареа го растопуваме чоколадото.
Од смесата формираме бомбици.
Ги потопуваме во растопено чоколадо, па ги декорираме со чоко топчиња.
Или од растопеното чоколадо правиме шари по бомбиците.
Сервираме во хартиени корпиња и послужуваме.

Може да се валкаат и во мелен лешник, но јас го потопив во чоколадо, со цел да ја задржам крцкавоста на кревките наполитанки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани