Во поголем сад за матење се ставаат брашното, какаото, содата и солта се мешаат добро.
Во друг сад се комбинираат кокосовото млеко, киселината, шеќерот, кокосовото масло и ванилиниот шеќер, потоа по малку оваа смеса се додава во садот со брашното и се мати со миксер на најниска брзина.
Се мати околу две минути, потоа смесата од садот се префрла во два калапи за печење од 22 см во подеднаква количина.
Калапите се ставаат да се печат во рерна на 180 степени околу 30 мин.
Откако пандишпанот ќе се испече се остава да се олади.
Подготовка на путерот од бадеми
Околу 320 гр бадеми најпрво се ставаат да се печат во рерна околу 10 мин на 160 степени, потоа се ставаат во сецко и се блендираат околу 15 мин на најсилна брзина.
Капакот треба да се отвора повремено за смесата која ќе се залепи за сецкото да се измеша добро.
Може да се додаде 1 лажица масло по желба и се добива убава кремаста смеса. Бадемите можат да се заменат со лешници или ореви, а путерот се прави на ист начин.
Парчињата тиква се чистат и се ставаат да се варат околу 15 мин. Откако ќе омекнат се пасираат и се додаваат во садот со путерот од бадеми.
Во истиот сад се додава јаворовиот сируп, какаото и шеќерот во прав и се добро се меша додека се искомбинира.
Со вака добиениот крем се премачкува едниот калап и страните од тортата.
Подготовка чоколадниот крем за премачкување
Чоколадото се крши на помали парчиња и се става да се стопи.
Се додава кокосовото млеко и јаворовиот сируп и се добро се меша.
Со овој крем се премачкува целата торта.
На крај тортата се декорира со сецкани бадеми.

Без тиквата филот е многу сув и крут, а може да додадете и било какво овошно пире, со тиква дојде супер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови