Листовите желатин ставете ги во ладна вода да омекнат 10-на минути.
Во тенџерче ставете ги слатката павлака и млекото да се загреат, скоро да зовријат. Исклучете го огнот и тргнете го на страна. Додајте го чоколадото искршено на коцки, какаото просеано низ цедилка и шеќерот во прав. Убаво мешајте со жица додека чоколадото се истопи и целата смеса се изедначи.
Сега додајте го и желатинот истеган од водата и промешајте го да се стопи во чоколадната смеса.
Чоколадната смеса истурете ја силиконски калапи или во други модли кои ги имате. Околу 1 час оставете ги на собна температура да ладат, а потоа ставете ги убаво да оладат и стегнат во фрижидер најмалку 5 часа.
По изминатото време извадете ги од калапите и превртени ставете ги во мали чинивчиња и одозгора декорирајте ги со свежо овошје.

Забелешка
За полесно да ги извадите од калапите најпрво нежно со ноже поминете странично по пана котата и ставете го во жешка вода 10-15 секунди. Превртете ги сите на плех притоа нежно и внимателно одлепувајте ги од калапот и потоа со плоската, рамна лажица така превртени ставајте ги во чинии за сервирање.
Од оваа смеса ми излегоа 6 панакоти од овие форми и 1/2 чинивче за кикирики.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани