Многу вкусен, лесен, посен колач кој брзо се приготвува.
На тивок оган се топи чоколадата, се додава маргаринот и кората од портокал. Сето ова се меша дури не се добие хомогена смеса од чоколада.
Потоа се додаваат дури смесата е топла, бисквитите мелените ореви сок од 1 портокал и румот. Се меша со лажица. Смесата е мека и леплива.
На најлонска фолија се истура смесата. Се обликува колбас. Вака стои половина час.
Се вади од фолијата и се посипува обилно со шеќер во прав.
Се остава да се соединат вкусовите едно 2 саати.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани