Чоколадо, јагоди, шлаг, треба ли нешто повеќе?

Тестото се подготвува на наједноставен начин.
1. Најпрво се матат јајцата со шеќерот, а потоа се додаваат другите состојки, при што се мешаат со лажица.
2. Смесата се става во намастено тавче, посипано со брашно или врз хартија, се пече околу 15 минути на 200 степени.
3. Потоа пандишпанот можете да го филувате како сакате. Можете да го поделите на два дела и да вадите кругови.
3. За филот, јагодите се миксираат и се додаваат во крем шантили или по ваша желба крем.
4. На чинија за сервирање, се редат круг, фил, па повторно круг и фил, а најодозгора шлаг пена, помешана со капки црвена боја, за да биде розева.

Десертот е едноставен, но таа комбинација ветува преубав вкус.
Се сервира со кафе, чај, по желба.

Да напоменам дека го правев со различни креми и овошје, секогаш е изненадувачки свеж.
Брз, едноставен, само малку поинтересна декорација и десертот е перфектен.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани