Наједноставниот, најздравиот и најбрзиот фондан, без брашно, без путер, без шеќер, само јајце и чоколадо.

1. Се растопува чоколадото. 
2. Јајцата се матат. 
3. Полека се мешаат заедно, се ставаат во садови, но не се полнат до горе, зашто фонданот ќе нарасне. Се печат најмногу до 20 минути, на 180 степени.

Внатре треба да остане потечно, затоа се вика фондан.
Мерките се за овие две садчиња, но не се баш мали, слободно може 3-4 помали калапчиња.
Обично се сервира топло, но со сладолед, свежи ливчиња нане, овошје по желба...

*Суфле е ако нарасне воздушесто, но внатре треба да остане конзистентно, тоа е разликата меѓу суфле и фондан. Тоа што сега фондан се нарекува и обвивката на торта, за постарите генерации овде е збунувачки. 

Како и да е, десертот е прекрасен! Бон апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови