Чоколадна слаткотија, фантазија, совршен спој на вкусови, а мекичок, се топи во уста. Значи не знам како поинаку да ви го опишам тартов освен да се ставите во кујна и да си го направите. Башка, лесен за подготовка е...
Бев на идеја да го дотрошам кондензираното млеко што го имам и да смислам рецепт чии состојки ќе им се допаднат на домашните, при што никој нема да најде маана. И успеав!

Подготовка
1. Се замесува тесто со ладен путер сечкан на листови. Прво тестото е трошкасто, па потоа се замесува и се остава барем ½ час во најлонска фолија во фрижидер.
2. Потоа се расукува помеѓу два листа хартија за печење или најлонска фолија во големина на тавче за тарт.
3. Се става во тавчето, се боцка со вилушка на повеќе места и се пече во рерна на 180 степени околу 10 минути. Јас малку ја загреав рерната пред да го ставаме да се пече.
4. Го ставаме кондензираното млеко во тенџере на средна температура. Какаото го раствораме со 2-3 лажици вода, мешаме со вилушка да нема грутки. И какаото и путерот, со прстофат сол и по желба шеќер со вкус на портокал и ѓумбир во прав, ги ставаме во млекото. Мешаме постојано до згуснување на смесата. Треба кога ќе поминеме со маталката на дното да ни се прави пат во чоколадната смеса.
5. Го тргаме на страна и ставаме чоколадо, мешаме до растопување. Овој фил го истураме врз печеното тесто. Оставаме да се излади.
6. Бананите ги сечеме на кругови. Ставаме сок од лимон за да не ни потемнуваат, па ги редиме врз чоколадниот фил.
7. Белото чоколадо со 2 лажици слатка павлака го растопуваме на слаба температура или на пареа со мешање. Слатката павлака ја матиме ама не до цврста состојба. Го ставама растопеното чоколадо и 1 лажица нес кафе. Доматуваме до соединување.
8. Го редиме филот врз бананите. Посипуваме какао и рендаме чоколадо за декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани