1. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилата со миксер, па ги ставаме во сад на пареа да се готват.
2. Чоколадите ги кршиме и ги додаваме кога смесата со јајца ќе се загрее.
3. Мешаме убаво, да се изедначи се. Потоа тргаме на страна и оставаме 10 минути да се излади, со повремено промешување.
4. Во меѓувреме во два различни садови ги матиме слатката павлака и шлагот со млекото, не до крајна цврстина, туку само да се згуснат.
5. Потоа додаваме лажица по лажица во кремот од јајца – една лажица шлаг, една лажица слатка павлака, мешајќи, додека да се потроши се.
6. Кога ќе ги потрошиме шлагот и павлаката, за да не ни остане крем на дното на садот каде што се вареше, може се да се претури во поголем сад, за да ни се измеша се убаво, целата смеса да ни се изедначи.
Така се добива превкусен, чоколаден, кремаст сладолед на кој никој не останува рамнодушен и никој не може да му одолее. Пробајте, одличен е! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови