Се намрсува калапот со маргарин или масло.
Се матат јајцата со шеќерот. Oткако ќе се згусти убаво се додаваат маслото и млекото, малку се матат и се исклучува миксерот.
Се додава пецивото и 7 лажици брашно со лажица се меша убаво, се става половина во калапот, а во другата половина се става 2 лажички какао се меша и се додава во калапот. Се пече во загреана рерна на 160 степени 25 мин.
Откако ќе се испече се остава малку да олади, се превртува во тањир за торта и се облива цела со растопена чоколада ...Лесен и вкусен..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови