Прекрасен колач со многу богат чоколаден вкус.
Прво се матат путерот со шеќерот, потоа се додаваат јајцата едно по едно и се продолжува со матење.
Се додава мелениот двопек, брашното, пецивото, какаото и ренданата чоколада.
На крај се додаваат две лажици млеко.
Колачот се става во намастена тава бр.26 или долгнавесто плехче.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу триесетина минути.
Згора се наросува со шеќер во прав или стопена чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови