Бомбици
Во сад измешајте ја рикотата и шеќерот.
Додајте ги жолчките, кокосот, ванилата и густинот и убаво измешајте.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер додека ја приготвувате кафеавата смеса.

Кафеава смеса
Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот.
Матете додека станат пенести.
Додате го растопеното и оладено чоколадо и измешајте со жица за матење.
Додајте го брашното и густинот во кои ќе го измешате пецивото.
Додајте го и какаото и рогачот и измешајте убаво со жица.

Обложете го долниот дел на праволаголен плех со хартија за печење.
Страните на плехот премачкајте ги со масло и набрашнете ги.

Од белата смеса формирајте ги бомбиците и наредете ги во плехот, така што ќе оставате простор меѓу нив.
Одозгора истурете ја изматената кафеава смеса.
Гледајте сите бомбици да ви се прелиени со смесата.

Печете на 180 степени, 25-30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани