Овие се едни од колачите што ги носев на нашата средба во Велес, сум заборавила да ги постирам овде каде им е и местото, па ете сега...

Стопете го чоколадото, па додајте го кондензираното млеко и мешајте додека убаво се изедначи смесата.
Издробете ги бисквитите со рака што можи поситно. Додадете и измешајте.
На крај вмешајте ги иситнетите кикиритки или поптечени лешници.
Оргиналот налага кикири, а јас користев лешници и мислам дека испадна уште подобро.

Смесата истурете ја во коцкест калап 20х20, претходно намастен и ако не е силиконски, обложен со целофан за полесно вадење потоа.

За белиот дел се топи белото чоколадо и потоа се додава путерот од кикиритки.
Се меша додека убаво се изедначи и се истура врз црниот дел.

Се остава да олади, па потоа убаво да се стегни во фрижидер.
Кога е готово, се сечи на коцкички кои се ставаат во хартиени корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани