- Труфлите пригответе ги ден порано. Загрејте ја павлаката до моментот пред да почне да врие, тргнете од огнот и додадете го искршеното чоколадо, мешајте да се тоа стопи и да добиете убав крем. Ставете да се олади на собна температура, а потоа во фрижидерот да се добро зацврсти.
- Поделете ја добиената смеса на 12 еднакви делови, правете ги труфлите ставајки по една малина внатре (а може и без нив), валкајте ги во какаото и повторно ставете во фрижидер да се ладат.
Крем
- Сите состојки ставете во сад и со миксер кратко сматете, а може и со блендер тоа да го направите.
Припремете ги ремејкерите или во калапите за мафини ставете од алуминумските подметачи за мафини, премачкајте ги сите со путер, полнете до 1/3 од добиениот крем, ставте по една од труфлите во секој ремејкер, залијте уште малку одозгора. Ремејкерите или калапот за мафини ставете во подлабока тава во која ќе ставите вода, ставете во претходно загреана рерна на 150 степени да се печат 1 час.
Извадете ги, извадете од водата и можете да ги служите и топли и ладни.
Совет
Моето искуство со овој прекрасен чоколаден десерт е следното - откако ќе ги извадите би ви препорачала да само малку оладат и лесно од алуминските подметачи се вадат нормално притоа да внимавате. Преврете ги така што долниот дел да дојде одозгора.
Од ремејкерите се вадат така што малку со тенок нож поминете покрај ѕидот и исто така превртете ги. Би ви препорачала да ги вадите топли и веднаш ако ги служите ќе бидете презадоволни. Исто како Лава чоколада... така труфлите се разлеваат, а малината им дава посебен вкус.
Исто така се добри оладени, но веднаш ќе кажам дека од алуминските подметачи полесно се вадат и превртуваат, а од ремејкерите не. Затоа ги служев оладени во самиот сад без да ги превртувам и дополнително нешто да ги декорирам.
- Превртениот десерт со цедалка посипете со какао, додадете им уште по една малина... десерт за мерак. Гостите пак ќе сакаат да ви дојдат и да им спремате вакво нешто.
- Труфлите навистина е подобро да се спремаат ден порано, мислам на смесата, полесно ги оформувате... а може за кратко да го ставите садот со смесата и во замрзнувачот.
- Самиот десерт во ремејкерите е повисок, но поради бројноста јас ставав помалку од кремот и правев помали труфли. Малини користев замрзнати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани