Пoдготовка на белиот крем
Со дел од млекото се раствораат пудинзите, а остатокот се става да се загрее заедно со шеќерот. Се вари пудинг.
Кога малку ќе подолади се додава маргаринот, шеќерот во прав и ренданата лимонова кора.
Убаво се меша или пак се миксира со миксер до компактност.

Припрема на црвениот крем
Можат да се користат и свежи и смрзнати јаготки, или пак, друго црвено овошје како вишни или малини. Со јаготката вкусот беше полн погодок.
Се ставаат јаготките со шеќерот и сокот од лимон на рингла додека испуштат сок и се стопи шеќерот. Потоа се пасираат колку се можи.
Посебно пудингот од ванила се меша со водата и се додава во јаготките, па се вари до згуснување.
Мене вака кремот ми изгледаше редок, па во уште малку вода додадов 1 полна лажица нишесте и доварив.

Мачкање на корите
Во паковањето има отприлика по 10 кори. Кај мене беа 9.
Со црвениот фил се мачка секоја 3,6 и 9, а останатите со белиот крем дури и таа последната. Нема потреба овде од натиснување на корите како што е обичај, со ваквиот крем тие сами ќе си налегнат. Затоа, пред да се украси се остава преку ноќ во фрижидер (кај мене солидно отстоја директно во замрзнувачот).

Откако добро ќе се здрви тортата се миксира слатката павлака со киселата и шеќерот во прав и со тоа се премачкува одозгора.
Се сечи на поголеми коцки како колачите или кексовите.

Тортата ни беше една од роденденските на моите деца. Прво бев со намера една помала и без печење да им направам (и има ја направив), доволна за најблиските, бидејќи се големи веќе и си слават надвор со другарите, но ќерката ги виде минионите додека пазарувавме и реши дека така ќе и изгледа тортата иако е веќе голема, па решив да направам пак нешто без да се чепка во рерната, а розен корите одамна си го чекаа редот и така настана и оваа. Иначе, имавме и уште една, солена со ќебапчиња, за која знаевме дека сите ќе ја јадат. И така, роденденот на двата, си помина на маса со крупни работи, со торти хехе...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови