1. За да ја направите подлогата најпрво раздвојте ги колачињата. Кремот меѓу нив извадете го, него ќе го додадете во кремот со костени. Раздвоените колачиња иситнете ги во трошки и измешајте ги со растопениот путер.
2. Смесата втиснете ја во калап со димензии 18см и ставете го во фрижидер подлогата да се стегне додека го подготвувате кремот.
3. За подготовка на кремот двата вида на чоколадо растопете ги со 100 мл од павлаката.
4. Потоа заедно со останатата павлака, шеќер и кремот од колачите, додадете ја кон сварените, исчистени костени и убаво изматете.
5. Додадете го маскарпонете и ванилата и матете да се изедначи.
6. Ставете го кремот врз подлогата и оставете го колачот преку ноќ во фрижидер убаво да се стегне.
7. За да ви се сечат поубави парчиња 1-2 часа пред да го послужите ставете го во фризер.
8. Потоа извадете го, прелејте со ганаш од бело чоколадо и послужете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани