Мојот роденденски десерт. Поготовката е следна
Од сите горе наведени состојки замесете тесто.
Измесете добро тесто, па ставете го во ладилник да се стврдне.
Затворете со најлонска фолија.
Тестото ќе биде лепливо.
Нека постои 20 минути, па потоа прилепете го, растегнете на тавата за тарт, која претходно ја премачкавте со путер.
Избоцкајте го тестото со вилушка и ставете фолија. Нека се пече на потивко.
Извадете го печеното тесто и оставете да излади.
Чоколадниот фил го употребив за филување.
Мислам дека ми е пишан тука некаде во рецептите, но ќе го повторам уште еднаш.
Во еден сад ги матиме жолчките со шеќерот и млекото и ги ставаме на оган да се згуснат. Се трга од оган и се додава чоколадото.
Оставив да истине.
Штом истинува се додава маскарпонето и се промешува.
Оставив да стегне добро.
Тестото за тарт го превртев од другата страна и ги премачкав со мармалад од дуњи.
Врз него го посипав чоколадниот крем, па наредив парчиња ананас.
Во сучајот требаше парчиња дуња од компот, но се снајдов со ананасот.
Вкусовите некако се споија и искрено ме изненадија.
Оставив да излади малку да си впие убаво филот па служев за мојот 39 роденден.
На здравје да е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови