Еве еден мој предлог за здрв и вкусен појадок.
Во сад го ставаме млекото го додаваме чиа семето, ванилиниот шеќер и јаворовиот сируп.
Садот го оставаме преку ноќ во фрижидер или барем неколку часови.
Готовиот чиа пудинг ние го јадеме со овошје, а во овој случај со јагоди.
Чашите за послужување до половина ги полниме со чиа пудинг и внатре ставаме по неколку јагоди.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови