Вкусот е незаменлив..

- Компирите и тиквицата се рендаат, се посолуваат и се оставаат да пуштат вода околу 10 минути. Потоа се цедат, се додаваат јајцата, брашното, згмечениот лук и зачините.
- Смесата се става 30 минути во фрижидер да се соединат вкусовите.
- Со намастени раце се формираат тенки плескавици.
- Во тава со малце масло се пржат брамбораките, големината е помала од палачинка, а поголема од плескавица. Се внимава убаво да се испржат, бидејќи содржат компири.
- Се служат топло.

Напомена
Трикот е во мајоранот, кој не смее да изостане. Тој им дава посебен вкус и шмек. Јас користам спелтино брашно и користам путер за поздрава верзија, но секако тоа е на вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови