Уште еден начин на употреба на чајните тркалца како колачи со кокос. Овој пат со нутела и чоколадо за макање. Како и обично - превкусни се, но имајте во обзир дека вака помалку впиваат и затоа држете ја течноста константно топла кон жешка и чувајте ги поголго време во неа за да примат повеќе.

Сите наведени состојки се ставаат во помал огноотпорен сад и се загреваат до вриење. Во меѓувреме се меша да се соединат и стопат заедно.
Се трга од рингла и се става од чајните колачиња кои се вадат по 2 минути.
Се лепат по две со нутела и се валкаат во кокос.
Во средината се дополнува со Нутела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови