Црните домати прво ги миеме, па ги сечиме на подебели парчиња.
Ги посолуваме и оставме да одстојат 10 минути.
Потоа на крпа ги просушуваме.
Во тава ставаме маслиново масло и ги запржуваме од двете страни.
Сега црвениот домат го сечеме на кругови.
Во еден сад ги соединуваме магдоносот, сецканиот лук.
Прво ставаме круг црн домат, па од магдоносот со лук, па црвен домат, па ливче босилек, па црн домат....
Ги редиме на 2-3 спрата.
Најгоре ставаме парчиња моцарела, наросуваме оригано.
Јас одоколу го ставив доматот кој ми остана, сецкан на коцки.
Запекуваме околу 10-15 минути во загреана рерна.
Послужуваме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор