Посебно се топат црното и белото чоколадо.

Во бело се додава белиот дел од кремот и интегралниот експандиран сладок ориз и по желба кикиритки.

Во црното чоколадо се додава црниот дел од кремот, белиот експандиран ориз и по желба, а не мора грст ситно сечкани потпечени лешници.

Откако се се измешало се истура во калапи по желба за да се здрви.
Јас сакав да пробам повеќе начини, така белото го ставив во хартиени корпиња за мафини, а црното во калап за срнечки грб.

Откако ќе се здрват, се сечат на посакуваните парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани