1. Црно топло чоколадо
Измешајте ги какаото, шеќерот и густинот. Многу полека во тенок млаз додајте го ладното млеко и ставете на шпорет полека да почне да врие. Пред да почне да врие се додава ренданото чоколадо. Се готви на тивок оган околу 2 минути откако ќе зоврие. Цело време се меша за да не се залепи.
Готовото чоколадо се сервира во чаши, а додатокот може да биде по ваш избор. Кај мене малку цимет и рендано бело чоколадо.

2.Бело топло чоколадо
Во тенџере се става слатката павлака и искршената бела чоколада. Постојано се меша и се вари на средна температура се додека не се стопи чоколадата. Кога смесата ќе зоврие се додава млекото и повторно се чека да зоврие, сега повремено мешајте.
Се служи топло со цимет, рендана чоколада, слатка павлака....Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови