1. Во чаша се става загреаното млеко квасецот и малку брашно и се остава на топло за 5 мин (да се активира квасецот).
2. Во еден сад се ставаат сите состојки за тестото со исклучок на какаото.
3. Се замесува тесто и се дели на два дела, едниот дел се остава бел, а во другиот се додава какото и се меси дополнително да се соедини.
4. Од двете теста се сучат округли кори кои што се ставаат една врз друга и се притискаат малку со сукалото.
5. Добиената кора се сечи најпрво на 4, а потоа секоја четвртина уште на 3, што значи од дозава се добиваат 12 мали кифлички.
6. Кифличките се редат во тавичка и се печат во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути.
7. Готовите кифлички се оставаат да се оладат целосно
8. Во касерола на оган се ставаат водата, шеќерот и ванилата и се остава да зоврие и потоа се намалува температурата до средна и шербетот се остава на оган уште 7-8 минути.
9. Оладените кифлички се преливаат со врелиот шербет.
10. Кифличките се посипуваат со кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови