Премеки домашни булки совршени за домашни хамбургери..

- Квасецот се активира заедно со кафеавиот шеќер и топлата вода.
- Во сад се ставаат двата вида на брашна, солта, квасецот и кефирот, се замесува средно меко тесто кое се остава да надојди на топло место 2 часа.
- Надојденото тесто се премесува и преку ноќ се остава во фрижидер (каде ќе се одвива бавна ферметација).
- Другиот ден тестото се вади и уште 1 час остава на собна температура, потоа се премесува се дели на 4-5 топчиња кои се обликуваат во облик на булки, се ставаат во плех и се наросуваат со сусам.
- Се печат 20-25 минути на 200-225Ц, проверете со чепкалка за сигурност бидејќи интегралното брашно прави да изгледаат како недопечени.

Напомена
Вкусот што го дава кефирот е неопислив, јас го правам од кефирни печурки но доколку немате купечкиот ќе заврши работа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови