Топла убавина за љубителите на целер!

Се раствара коцката за супа во зовриена вода.
Коренот целер се чисти и се сече на коцки. Потоа се пропржува на путер додека омекне, се додава супата и се остава да се вари на умерена температура.
Пред крај на варењето, се додава мешавина од млеко и густин, се зачинува и се вари до саканата густина.
Готовата чорба се посипува со сечканите листови од целер.

Лесно за подготовка со извонреден вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела