Оваа салата ја направив веднаш после Велигденот за да одмалам малку од јајцата. Не е класична Цезар салата и одамна си имам смислено моја варијанта и вака ми е најубава за домашна употреба. Ја комбинирав со уште една компир салата со јајца и пилешки стек. Супер идеја за ручек.

Прво стекот се сечка на парчиња и се запржува со малку зачин и црн бибер. Откако ќе биде готов стекот, ја правиме салатата.

Прво измиената салата ја сечкаме и ја ставаме во подлабок сад, па ја додаваме исечканата рукола, па исечканата на тркалца ротквица, па исечканиот млад кромид, па ги додаваме исечканите јајца и завршуваме со парчиња пилешки стек.

Преливот се прави со мешање на растителна павлака за готвење и мајонезот. Јас додавам и макало од лук, секогаш си имам во фрижидерот, а вие додадете малку лук или лук во прав и вода и посолете. Со преливот зачинете ја салатата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови