Го ставаме квасецот во топлото млеко со шеќерот и малку брашно да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме јајцето, маслото, солта, активираниот квасец и промешуваме.
Постепено го додаваме брашното.
Месиме се додека не добиеме мазно нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да се дупплира.
Потоа го делиме на мали топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало долго кориче.
Го засекуваме како на сликата.значи не одиме до крај на тестото.
Сега го завиткуваме како ролатче.
Земаме мало топче тесто,и околу него го завиткуваме направеното ролатче.
Постапката е иста со целото тесто.
Ги редиме во плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме чурек.
Киснат 20 минути, па ги печиме во загреана релна.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани