Со жица изматете ги јајцата со шеќерот потоа додадете го млекото и маслото и продолжете да матите. Додадете го пченкарното брашно, белото брашно и пецивото и продолжете да мешате со дрвена лажица.
Од тестото обликувајте ги урмашиците и печете ги на 180 степени додека добијат убава боја.
За шербетот-водата и шеќерот да вријат 10 минути, а потоа додадете го сокот од лимон.
Топлите урмашици попарете ги со топол шербет.
Пред да ги послужите наросете ги со кокос.
За мерење користев мали филџани од 100 мл.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови