Во една вагличка ги ставаме јајцето, солта, сокот од лимон и киселата павлака.
Сето убаво со вилушка го соединуваме.
Го додаваме маслото, содата и постепено двата вида на брашно.
Месиме тесто, средно меко ќе биде.
Го оставаме да се одмори 15 минути.
Формираме погачици, јас на правив 6 и ги редиме во ростер тава.
Ја вклучуваме рерната да се загрее и ги печиме околу 20-25 минути на 200 с.
Ги вадиме на решетка да се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани