Вкусно е слаткото бушаво Кате, но ова кое што го прилагодив по хроно за денешниот појадок е вистинско откритие и мноооогу вкусно солено пециво!
1. Ги мешаме брашната и внатре сите суви состојки.
2. Додаваме масло и топла вода, па замесуваме убаво мазно тесто кое не се лепи.
3. По потреба се додава топла вода или брашно, во зависност од тоа колку брашното прима влага.
4. Тестото се дели на два дела – едниот го наплескуваме во намрсено со малку масло тавче за печење бр. 28, а другиот го ставаме во фрижидер да се стегне добро.
5. Го приготвуваме филот.
6. Целиот зеленчук ситно го сечкаме (може да биде и смрзнат).
7. Додаваме зачини по желба и сол по вкус.
8. Преливаме со маслиново масло.
9. Пржиме на тивок оган, околу 20 минти, се додека целата вода не испари а зеленчукот не омекне.
10. Овој фил треба добро да се излади (јас ги правев вечерта и тестото и филот, го наплескав првиот дел од тестото во тавчето за печење и го испржив филот и ги оставив до утрото покриени со крпа, а вториот дел од тестото преку ноќ во фрижидер).
11. Готовиот фил се нанесува врз тестото во тавчето, а вториот дел од тестото се ренда врз филот, и убаво се распоредува да не останата празнини.
12. Вака приготвена, питата се пече во загреана рерна на 200 степени.
13. Јас го печев околу 40 минути, но во зависност од рерната, некаде можеби ќе треба подолог да се пече.
14. Готово е кога убаво ќе порумени одозгора, а краевите ќе се одделат од тавата.
15. Нека се излади малку, па се сече и се појадува. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови