Во една вангличка ги ставаме јајцата и солта.
Кратко со жица ги соединуваме.
Потоа ги додаваме салото, киселата вода, брашното, содата.
Сето убаво го соединуваме.
Земаме мала ростер правоаголна тава, тенко ја премачкуваме и истураме половина од смесата.
Ставаме да се печи во загреана рерна околу 8-10 минути.
За тоа време ги соединуваме изварката и јајцето.
На кратко ја вадиме тавата од рерната и на неколку места расфрламе од филот.
Покриваме со останата количина на тесто.
Попрскуваме малку сусам и оригано
Печиме уште одприлика 20-25 минути.
Изладената пита ја сечеме на коцки, па на триаголници
Послужуваме со јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани