Следува период на Карневали, маскембали...радост за најмладите, па и постарите.
Во Хрватска неизоставен дел од тие збиднувања се нивните познати фритули, кроштули.....
Па еве еден предлог за миризливи фритули.

Сувите сливи ги сецкаме на мали парчиња и ги потопуваме во рум и ракија да одстојат 15 минути, односно додека ги подготвуваме другите ссотојки.
Во вангличка ставаме јајце, сол, шеќер, ванила, цимет, рендано јаболко, јогурт, млеко, пециво, сода бикарбона, брашно, ( може да се користи и само бело брашно).
Соединуваме мешајќи со дрвена лажица.
Ги додаваме и сувите сливи заедно со течноста.
Уште еднаш убаво соединуваме.
Оставаме смесата да одстои 20 минути.
Во касерола на оган загреваме масло на умерен оган.
Со помош на намастено лажиче земаме од смесата и спуштаме во загреаното масло.
Тие сами се превртуваат или ги превртуваме со вилушка, да заруменат од двете страни.
Го редиме на хартиени салфети.
Сервираме и по желба наросуваме шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани