Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Оставаме да се активира.
Потоа ги додаваме солта, јајцето, исцедениот сок од мандарини, ванилата, ликерот и брашното. Со дрвена лажица или со миксер ги соединуваме во убава мазна леплива смеса. Количината на брашното одредете ја сами, ако ви се чини течно додајте уште малку брашно.
Покриваме и оставаме тестото да се дуплира.
Со намрсено лажиче земаме од смесата и ги пржиме на умерен оган.
Ги редиме на хартиени салфети, па ги посипуваме со шеќер во прав и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани