1. Во еден сад се става млаката вода во која што се раствора квасецот (само се раствора, не се остава да се активира).
2. Во друг сад се ставаат брашното и солта и му се додава водата со квасецот и маслиновото масло.
3. Се замесува тесто и се остава да стаса на топло место, 40-50 минути.
4. На дното на тавичката се става сол и пченкарен гриз и врз него се става тестото.
5. Тестото се притиска со врвовите на прстите да се направат мали дупчиња.
6. Врз тестото се ставаат сварените компири исечкани на парченца, полукругови кромид, доматите шери и рузмаринот и исто така се притискаат да навлезат во тестото, се посолува.
7. Така подготвена се залива со маслиново масло.
8. Се печи на 200 степени 30-40 минути.
Од дозата се добиваат 2 фокачи со големина 20 на 25.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови