Во топлата вода се ставаат шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме киселата павлака, млекото, солтта, активираниот квасец маслиновото масло и пирето, кое не е задолжително( мене ми остана од ручекот и го искористив, со цел да добијам помека текстура на тестото)
Промешуваме и постепено додаваме од брашното.
Ќе добиме меко и лепливо тесто.
До колку има потреба рецете малку ги намастуваме и го домесуваме тестото.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа нежно го префрламе во нелеплива тава.
Со помош на рацете го нанесуваме рамномерно по тавата.
Во нутрибулет го ставаме маслиновото масло, сол, и свежите зачински тревки.
Соединуваме.
Ова го нанаесуваме врз тестото.
Оставаме фокачата уште еднаш да втаса.
Потоа ја печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Послужуваме топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани