Многу вкусна торта, како и сите верзии на оваа вкусотија.
Мојата беше роденденска, за мојата прва радост....))))

Кората се спрема стандардно.
Се матат јајцата, се додава постепено шеќерот, водата, на крај помешани сувите состојки.
Се излева во тркалезен калап со пречник 28 цм..
Се печи во загреана рерна на 180 околу 20 мин., или до сува чепкалка.
Се остава да подизлади и се попрскува со млекото.
Се прави уште една кора.

За првиот фил се спојуваат на тивок оган чоколадото и павлаката. Се остава да се излади.
Се мати путерот или маргаринот со какаото.
Се додава нутелата и изладениот ганаш.
Се убаво се миксира.

Во вториот фил-во мал дел од млекото се раствораат брашното и нишестето, а во остатокот се додава шеќерот и ванилите и се зоврива. Потоа се додава разматената смеса и се вари крем до потребната густина. Се лади.

Кога ќе биде млако, се соединува со првиот фил и убаво се миксира.

Финална постапка
Кора-фил (мал дел се остава за пречкување од горе и од надвор на тортата)-кршени наполитанки
Кора-малку фил-кршени наполитанки
Странично се облепува со сецкани лешници
Целата торта се полева со чоколадна глазура и се украсува.

За чоколадната глазура на тивок оган се соединуваат чоколадото, павлаката и маргаринот.Малку да подизлади, па се полева.

Потоа се сладиме! ....))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови