Јајцата изгледаат преубаво, кристализирани се од шеќерот кој го содржи виното.
Се ставаат вино и јајца во поголемо тенџере. Се варат 15 минути на среден оган, па се додава кесичка фарба за јајца по желба (јас користев сина) и се варат уште 15 минути. Се тргаат од оган и се оставаат минимум 6 часа да отстојат, јас навечер ги варам, сабајлето се готови.
- Ако сакате потемна боја може и со црвено вино, се варат 30 минути без додавање на бои. Може да видите како изгледаат на последната слика.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови